Повик за доставување апликации за 3. Регионална работилница за улогата на центрите за посетители на локалитетите во Европа заштитени од УНЕСКО

од admin_kult

Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија информира за отворениот повик на Регионалното биро на УНЕСКО за наука и култура во Европа со седиште во Венеција, Италија, за доставување апликации за 3. Регионална работилница за улогата на центрите за посетители на локалитетите во Европа заштитени од УНЕСКО, кој трае до 31 мај 2021 година.

Фокусот на Работилницата е интеракцијата меѓу центрите за посетители или информативните центри и локалната заедница, со цел постигнување напредни знаења за менаџмент на локалитетите и за одржливиот развој на локално ниво.

Работилницата содржи онлајн сесии и 4-дневен престој од 29 септември до 2 октомври 2021 година во Херкуланеум, Италија.

Сите подетални информации, програмата и процедурата за аплицирање може да се добијат на следнава веб-локација:

https://en.unesco.org/news/call-applications-3rd-regional-workshop-europe-visitors-centers-unesco-designated-sites-deadline

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе