Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија информира за отворениот повик на Регионалното биро на УНЕСКО за наука и култура во Европа со седиште во Венеција, Италија, за доставување апликации за 3. Регионална работилница за улогата на центрите за посетители на локалитетите во Европа заштитени од УНЕСКО, кој трае до 31 мај 2021 година.
Фокусот на Работилницата е интеракцијата меѓу центрите за посетители или информативните центри и локалната заедница, со цел постигнување напредни знаења за менаџмент на локалитетите и за одржливиот развој на локално ниво.
Работилницата содржи онлајн сесии и 4-дневен престој од 29 септември до 2 октомври 2021 година во Херкуланеум, Италија.
Сите подетални информации, програмата и процедурата за аплицирање може да се добијат на следнава веб-локација: