Пораки по повод Меѓународниот ден на танцот, 29 април

од admin_kult

Танцовиот одбор на Македонскиот ИТИ Центар  го избра Александар Хаџиманов (танчер, кореограф и танцов едукатор) за автор на македонската порака по повод  Меѓународниот ден на танцот, кој се одбележува на 29 април.

Во пораката, Хаџиманов кој е вработен во балетот при Националната опера и балет во Скопје нагласува дека  инвентивноста и посветеноста понатаму ќе ни донесат уште многу нови нешта во танцот, а нам ни преостанува да се препуштиме на доживувањето.

„За крај ќе го цитирам  Жан Жорж Новер: танцот го споредувам со најубавото во природатата“, вели во пораката Хаџиманов.

Меѓународниот одбор на мрежата на ИТИ УНЕСКО го избра јужно- африканскиот кореограф, танчер, танцов едукатор и актер Грегори Макома, за автор на светската порака.

„Танцот е слобода и преку нашата изградена слобода, ние мора да ги ослободиме другите – заробените  кои се соочуваат со материјални и духовни зандани, во различни страни на светот. Танцот не е политички, тој станува политички затоа што во своите влакна носи човечка врска и затоа реагира на околностите во обидот да го врати човечкото достоинство“, потенцира во светската порака по повод Меѓународниот ден на танцот Макома, кој е меѓународно познат танчер, кореограф и режисер.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе