Пораки по повод Меѓународниот ден на танцот, 29 Април

од admin_kult

Танцовиот одбор на Македонскиот ИТИ-центар годинава ja избра Биљана Тануровска-Ќулавковски (истражувачка, кураторка и продуцентка) за авторкa на македонската порака по повод  Меѓународниот ден на танцот.

Во пораката, Биљана Тануровска-Ќулавковски нагласува дека танцот е уметност и социјално вградена практика која ги артикулира и ги материјализира односите меѓу телата, меѓу телата и предметите, меѓу просторот и времето.

Таа посака континуиран развој на подобар „свет на танцот“, кој ќе ни понуди повеќе средби со неговата многузначност. Заедно да го славиме танцот и неговото мноштво на значење и употреба, но и да ги подобруваме условите за развој на танцовата уметност кај нас.

„Би сакала во иднина да се сеќаваме на овие пандемиски денови, не само како моменти на криза кои ни одзедоа средби со танцот, но и како моменти во кои го промислуваме „светот на танцот“ во иднина, и посакуваме да сведочиме за: Посебен третман на танцот во полето на културните политики; Многубројни и разновидни танцови продукции; Нови простори и институции за танцова уметност; Уште поголема поддршка на независни кореографи, танчари и изведувачи; Фонд за мобилност и регионална и меѓународна соработка, што ќе овозможи нашата танцова уметност да патува и да нè означува насекаде…“, се вели во пораката по повод Меѓународниот ден на танцот.

Меѓународниот одбор на мрежата на ИТИ УНЕСКО го избра Фридеман Вогел, балетски танчар од Германија, за автор на светската порака.

„Сѐ започнува со движење – движењето е инстинкт кој сите го поседуваме – и  танцот е движење, рафинирано и преработено движење, за да комуницира. Колку што беспрекорната техника е битна и импресивна,  всушност  ултимативно е  сето  тоа  што  танчарот  го  изразува преку битот и есенцијалното во движењета“, потенцира во светската порака по повод Меѓународниот ден на танцот меѓународно познатиот балетски танчар Вогел.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе