Од денеска до 18 септември во Музејот на современа уметност – Скопје ќе се одржи вториот дел на КРИК 05 – Фестивал за критичка култура во организација на „Контрапункт“. Темата на Фестивалот е „Конечноста и кршливото општество – социјализам, слобода и секуларност“, инспирирана од книгата на Мартин Хеглунд „Овој живот – секуларна вера и духовна слобода“.
Денеска, со почеток во 19:30 часот, во рамките на Фестивалот ќе се одржи предавање на Елизабета Шелева во разговор со Мања Величковска, а од 21:00 часот, концерт ќе одржи џез-составот „Кадабајас“.
Фестивалот за критичка култура – КРИК е поддржан од: Министерството за култура, Allianz kulturstiftung, Институтот „Гете“ – Скопје, Институтот „Гете“ – Брисел и Фондацијата „Отворено општество“.