Почнува 20. издание на „Синедејс“, ќе се гледаат филмови на повеќе локации низ Скопје

од admin_kult

Со проекција на филмот „Анет“, вечер во 21 часот во Градскиот парк ќе биде отворено јубилејното 20-то издание на „Синедејс“, што ќе се одржи на повеќе локации во Скопје. Освен во киното во Градскиот парк, филмските проекции, работилниците, концертите и другите предвидени настани ќе се одржат во паркот на Младинскиот културен центар, паркот „Ибни Пајко“ и во кината „Фросина“ и „Милениум“.

Филмската програма е поделена на: гала-програма, официјална селекција, СЕЕ-програма, МК во ЕУ, МК кратки, LUX-награди, БАФТА кратки, детска програма и УНИЦЕФ ЕКО. Во рамките на придружната програма, познатиот филмски режисер Бела Тар ќе одржи мастер-клас во киното „Фросина“ на 17 јули, со почеток од 15 часот. Во соработка со „Флипбук филм фестивал“, на годинешното издание ќе се прикажат 23 анимирани музички спотови на некои од најголемите музички имиња во светот, како и на возбудливи инди и нови музички имиња.

Во рамките на фестивалот, како придружна програма, предвидени се и предавањето од проф. д-р Александар Трајковски на тема „Музиката во македонскиот игран филм“ и презентација на снимените видеа во рамките на „72 часа екофилм“, каде што млади луѓе аплицираа како тимови за снимање кратки видеа на зададена екотема.

На Синедејс годинава ќе има и работилница за изработка на „еко ’chill‘ зона“ наменета за млади лица на возраст од 15 до 20 години, како и презентација на меѓународниот музички проект „Living Music“.

Во делот на „Синемјузик“ ќе настапат: групата „Бела техника“ од Србија, потоа Дина Јашари, како и поп-бендот „Свемирко“. На затворањето на фестивалот на 21 јули, планирано е да настапат „L’Eclair“.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе