Фестивалот „Илинденски денови“ од 20 до 30 јули во Битола

од admin_kult

Под мотото „Старото е ново“, од 20 до 30 јули, во организација на Центарот за култура во Битола, ќе се одржи Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“.  Официјалната програма започнува со свеченото отворање на Фестивалот на 26 јули во Хераклеја. На отворањето концерти ќе одржат Ансамблот „Танец“ и Ансамблот „Ладо“ од Загреб, Хрватска.

На годинешното издание се очекуваат гости од Србија, Хрватска, Албанија, Грција, Русија и од САД. Ова е првпат на Фестивалот да гостува фолклорен ансамбл од САД, па затоа се очекува „American Folk Ensemble“ од Јута да биде главна атракција оваа година. Во рамките на претпрограмата и официјалната програма, покрај традиционалните концерти и дефилеа, ќе се одржат изложби, детски ликовни работилници, работилница за везење, семинар на традиционална игра и песна, саем на книгата, промоции на зборници и трудови, предавања, кинопроекции итн.

Целата програма ќе се одржува на отворено, на повеќе локации во градот, како: Хераклеја, Ракомотеното игралиште, Широк сокак, Старата чаршија, Магазата итн. Фестивалот „Илинденски денови“ е единствен во земјава кој е член на ЦИОФФ (CIOFF – International Council of Organizations of Folklore Festivals and Folk Arts).

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе