Почна снимањето на краткиот филм „Северен пол“ по сценарио и режија на Марија Апчевска, во продукција на „Кино око“.
Главните улоги во филмот ги играат Антонија Белезелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф е Кирил Спасески, костимограф е Билјана Гргур, шминкер е Горан Игњатовски, а тон-снимател е Игор Поповски.
Филмот е копродукција меѓу Македонија и Србија. Продуцент е Роберт Насков, а копродуценти се Милош Љубомировиќ и Горан Тодориќ од „Сервиа филм“.