Почина композиторот и музички педагог Благој Цанев

од admin_kult

По кратко боледување , на 82 годишна возраст, во Скопје почина композиторот и музички педагог, Благој Цанев.

Роден е во Свети Николе , 1937 година. Тој е првиот дипломец на основаната Висока музичка школа, подоцна Факултет за музичка уметност, каде подоцна дипломира и на Одделот по композиција, во класата на Властимир Николовски. Цанев работеше како професор во Средното музичко училиште, а потоа и на ФМУ.

Неговиот опус бележи дела од повеќе музички родови, а најзначајни се  оние во хорскиот, камерниот и солистичкиот жанр. Композициите на Цанев се базираат врз неоромантичната и неокласичната естетика, со дискретна примена на елементи од македонскиот музички фолклор. На полето на камерната музика ги остварува најзначајните творечки достигања, при што некои од творбите, меѓу кои се „ Соната ин Ес“ , за кларинет и пијано, од 1972 година,  доживеа бројни изведби од домашната музичка репродуктива.

За својата самопрегорна работа, Благој Цанев е добитник на највисоките државни награди  – „11 Октомври“ и „Климент Охридски“, како и стручните „Панче Пешев“, „Трајко Прокопиев“ и др.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе