Во рамките на последната фестивалска вечер од второто издание на „Крај Вардарот Џез“, вечер (6 октомври) во 20:00 часот, во киното „Фросина“ во МКЦ, ќе настапи квартетот „Такси Конзилиум“ по чиј настап е предвиден и концерт на пијанистот Дино Имери.
Организаторот на овој фестивал, дискографската куќа „ПМГ Џез“ наведува дека „Такси Конзилиум“ е квартет на еден од македонските водечки џез-гитаристи, Филип Букршлиев, а во него членуваат и младите музичари: Андреа Мирческа, Драган Теодосиев и Благојче Томевски.
Пијанистот и композитор Дино Имери има издадено авторско ЦД за дискографската куќа „ПМГ Џез“. Неговиот развој како композитор на современа класична музика е поврзан со оваа дискографска куќа, за која во моментов подготвува ново издание.