Перформансот „Драга Републико“ во зградата на Централната пошта

од admin_kult

Во зградата на Централната пошта во Скопје, денеска (30.9.2021 г.) и  во сабота на 2.10.2021 г.)  во 19:30 часот, во зградата на Централната пошта во Скопје, ќе биде изведен перформансот „Драга Републико“, на авторите Филип Јовановски, Кристина Леловац и Ивана Васева во соработка со кореографката Викторија Илиоска.

По перформансите „Оваа зграда зборува (на)вистина“ и „Универзална во пламен“, ова е нов перформанс од трилогијата посветена на модернистички згради во Скопје. „Драга Републико“ е перформанс-есеј за објектот на Телекомуникацискиот центар во Скопје, кој е еден од најрепрезентативните модернистички објекти во земјава.

Проектот се реализира со поддршка на Владата, а во рамки на јубилејот 30 години независност.

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе