Паралелни ликовни колонии во Слоештица и во Цапари

од admin_kult

Петнаесетина реномирани македонски уметници од денеска ќе творат паралелно во Меѓународниот центар за уметност „Арт Поинт – Гумно“ од село Слоештица, Демир Хисар, и во село Цапари, Битола на Меѓународната ликовна колонија „Де Ниро“.

Паралелните ликовни колонии ќе почнат започнаа со заедничка свеченост на којашто со потпишување на Повелба за збратимување е официјализирана 15-годишната соработка на организациите.

На уметничкото гумно во село Слоештица од денеска до петти октомври гостуваат уметниците: Дијана Томиќ – Радевска, Пандора и Сашо Саздовски, Филип Велковски, Горан Ристовски и Кети Талевска.

Во село Цапари, пак до 30 септември гостуваат уметниците: Елена Ѓоргиевска, Симонида Филипова Китановска, Жарко Башески, Стефан Малбашиќ, Сашо Н. Алушевски, Симона Мирчевска и Вацлав Лукич. Почесен гостин  е Беди Ибрахим.

И двете ликовни колонии се поддржани од Министерство за култура

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе