Започнува Филмскиот фестивал за млади  „Џифони Македонија“

од admin_kult

Креативни работилници, дискусии, детски и младински филмови, разни едукативни содржини, но и средби со познати личности ќе остварат околу 300 ученици од земјава и 12 други земји на годинешниот осми Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“.

Темата на  Годинашното издание на „Џифони Македонија 2020“ кој ќе се одржи од 25 до 30 септември,  е Земја (Earth) како дел од тригодишниот циклус посветен на животната средина. Поради пандемијата, најголемиот дел од програмата  на фестивалот ќе се одвива онлајн преку платформата „youth.mk“.

Фестивалот ќе биде отворен денеска во 19 часот во Кинотеката на Македонија со проекција на италијанскиот филм „Мојот брат брка диносауруси“ – најдобар филм за младата публика за оваа година, според Европската филмска академија.

Новата дигитална младинска платформа „youth.mk“ преку која ќе се одржува Фестивалот е создадена со поддршка на мисијата ОБСЕ во Скопје, а е наменета на младите љубители на филмска уметноста. Платформата ќе биде и место каде што ќе се објавуваат аудио-визуелни креации, прилози, туторијали на младите македонски и странски автори. Истата ќе им овозможи на учесниците директно да се вклучуваат во работилниците и другите онлајн настани и да имаат интерактивни средби со гостите.

Фестивалот е поддржан од Агенцијата за филм и Министерството за култура, Град Скопје, партнерот од Италија – Џифони Експириенс, Министерство за култура и туризам на Италија, Министерство за надворешни работи на Италија и Амбасадата на Италија во Македонија.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе