Отворена изложбата на млади уметници „Протоген“

од admin_kult

Во Младинскиот културен центар е поставена првата групна изложба во рамките на проектот „Протоген“, чиј идеен творец е академскиот скулптор Матеа Мијановиќ. Проектот во насловот ја одредува суштината на идејата, односно создавање на услови  за развој и рачна изработка на дела, прототипи и пилот линии од сферата на применетата уметност.

На изложбата се претставени селектирани дела на младите скулптори:  Митко Дамјановски, Благоја Гроздановски, Дамјан Ристевски и Матеа Мијановиќ.

„Проектот го дефинираат неколку јасни идеали. Иновативност, со овозможување продукција на професионално изработени дела  од применета уметност, како и пристап до канали за продажба и можност за себефинансирање, и натамошна работ. Воедно, проектот понуди продукциско-едукативна насока, како и фокус кон создавање на мрежа за продукција и пласман на млади креативни професионалци“, стои во најавата за изложбата.

Делата од изложбата „ Протоген“ од 15 декември ќе можат да се видат онлајн на https://www.inkubator.com.mk/. Проектот „Протоген“ е поддржан од Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе