Оперски концерт во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш

од admin_kult

В сабота (6 ноември) во 19:00 часот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш ќе се одржи оперски концерт.

Ќе настапат солистите од Националната опера и балет:  Наде Талевска – сопран, Злата Тошевска – сопран, Павлина Новакова-Георгиев – сопран, Дејан Стоев – тенор, Васко Здравков – баритон. Пијано-придружба e Елена Сиљаноска. Предвидена е и изложба на делата од ликовните колонии „Караманов 2021“ и „Св. Ѓорѓи“.

Настаните се организираат по повод 6 Ноември – Денот на ослободувањето на Радовиш.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе