В сабота (6 ноември) во 19:00 часот во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш ќе се одржи оперски концерт.
Ќе настапат солистите од Националната опера и балет: Наде Талевска – сопран, Злата Тошевска – сопран, Павлина Новакова-Георгиев – сопран, Дејан Стоев – тенор, Васко Здравков – баритон. Пијано-придружба e Елена Сиљаноска. Предвидена е и изложба на делата од ликовните колонии „Караманов 2021“ и „Св. Ѓорѓи“.
Настаните се организираат по повод 6 Ноември – Денот на ослободувањето на Радовиш.