Операта „Дрдорењата на Лапо“ вечер на сцената на Националната опера и балет

од admin_kult

На сцената на  Националната опера и балет вечер во 20:00 часот ќе биде изведено оперското дело во еден чин и две слики Дрдорењата на Лапо“ на композиторот Џо Скитино, во режија на Дејан Прошев.

Операта, која се изведува по повод 700 години од смртта на Данте Алигиери, ќе биде под диригентската палка на Иван Еминовиќ. Настапуваат: тенорот Благој Нацоски (Данте), баритонот Џанпјеро Руџери (Лапо), Хорот и Оркестарот на Националната опера и балет.

– По повод 700 години од смртта на Данте Алигиери (1321) и на Лапо Салтарели (1320), двајцата прочуени поети од Фиренца и познавачи на политиката, создадено е ова оперско дело кое раскажува за случки од животот на двајцата уметници кои заедно минувале низ период одбележан со превирања важни за историјата на цела тогашна Италија – информираат од Националната опера и балет од каде што додаваат дека делото, по својата премиера во Италија, за првпат се изведува во нашата држава.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе