ОПЕРА И БАЛЕТ ВО ВАШИТЕ ДОМОВИ

од admin_kult

Националната опера и балет од вторник, 7 април со почеток во 20.00 часот, на официјалниот YouTube канал на НОБ ќе почнат со онлајн прикажување на омилените претстави на публиката.

Од НОБ велат :„Секој вторник ќе биде резервиран за балетската уметност додека секој петок ќе биде термин за љубителите на оперската уметност. За оваа цел ќе ја користиме алатката на јутјуб премиера која ќе и овозможи на нашата публика од целиот свет да се вклучи во магијата на балетската и оперската музичка уметност. За оние кои што не се во можност да ја гледаат дигиталната премиера на нашите претстави во реално време, секоја емитувана претстава ќе биде достапна 24 часа по првичното емитување“.

Оваа иницијатива произлегува од корона-кризата поради која НОБ не е  во можност во живо да го изведува својот репертоар, а со цел да ја поддржат својата публика за полесно справување со кризата против ширењето на вирусот.

Програмата започнува со балетската претстава „Лебедово езеро” од П. И. Чајковски, потоа операта „Боеми“ од Џакомо Пучини на 10 април, светската дигитална премиера на балетската претстава „Клеопатра“ е закажана за 14 април, додека операта „Евгениј Онегин“ од П. И. Чајковски е на 17 април. Балетот „Дон Кихот“ е на 20 април, а на 24 април публиката ќе има можност да го гледа традиционалниот концерт по повод празникот Василица насловен „Disco fever”.

За распоредот на закажаните дигитални премиери следете ја веб страницата www.operabalet.mk, и претплатете се на официјален јутјуб канал www.youtube.com/user/makoib.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе