Одбележување на десетгодишнината од функционирањето на Конзерваторскиот центар – Гостивар

од admin_kult

Во Конзерваторскиот центар – Гостивар денеска се одржа свеченост на која беше одбележана десетгодишнината од формирањето на оваа национална установа.

На настанот присуствуваа и заменик-министерот за култура Седат Сулејмани, еден од поранешните директори Аднан Фејзулаи, како и актуелниот в. д. директор на установата, Хирије Саити.

Во рамките на свеченоста беа доделени благодарници за новинари и медиуми кои ја следеле работата на НУ КЦ Гостивар од неговото формирање, плакети за сите поранешни директори на Установата, како и за Министерството за култура.

Беше претставена и изложба на фотографии од реализираните проекти на Установата, а беше прикажан и видеоматеријал за неколкуте објекти и проекти што ги има реализирано НУ КЦ Гостивар во изминатите години.

Посетата во Гостивар беше искористена и за работна средба на заменик-министерот за култура со сите директори на Конзерваторскиот центар – Гостивар, на која стана збор за досегашните успеси на Центарот и за плановите за иднина.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе