Концерт на Филхармонијата посветен на Бетовен

од admin_kult

„Бетовен #3“ е насловот на концертот што ќе се одржи вечер во 20 часот во  Филхармонијата, на кој како солисти ќе настапат: Емир Имеров од Германија на виолина, Александар Кагановски од Швајцарија на виолончело и Ваг Папијан од Израел на пијано. Тројцата исклучителни музичари ќе го изведат Концертот за виолина, пијано, виолончело и оркестар оп. 56 од Бетовен. Диригент е Конрад ван Алфен од Холандија, а на програмата е и Серенада за дувачки оркестар од Антонин Дворжак.

Концертот за виолина, виолончело и пијано во С-дур, оп. 56 е познат како „Троен концерт“ кој Л. В. Бетовен (1770 – 1827) го напишал во 1803 година. Изборот на инструменти, всушност, формално го прави пијано-трио и тој е единствениот концерт што Бетовен го напишал за повеќе од еден инструмент.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе