Одбележани 118 години од Крушевската Република и 77 години од Првото заседание на АСНОМ

од admin_kult

Министерката за култура Ирена Стефоска, во Крушево на Мечкин камен  присуствуваше на централната свеченост по повод 2 Август- Денот на Републиката.

Свеченоста во организација на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски започна  со поздрав на Армијата на Република Северна Македонија, поздрав на илинденската коњаница проследена со костимирана придружба и полагање на цвеќе и венци на споменикот на Мечкин камен, по што  следуваше празничната културно-уметничка програма посветена на двата Илиндена.

Централната прослава на големиот празник започна со изведба на државната химна од страна  оперската првенка Весна Ѓиновска-Илкова, по што следуваше  пригодна реч со пораки за Илинден  кои ги прочита актерот Никола Ристановски.  Во рамки на културно-уметничката програма настапија Ансамблот за македонски народни игри и песни „Танец“, Ансамблот на албански народни ора и песни во Република Северна Македонија, Влатко Стефановски и воениот оркестар на Армијата.

Претходно државните почести по повод Денот на Републиката во Крушево, во организација на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски започнаа со панихида во храмот Св.Никола, полагање на свежо цвеќе на гробот на Никола Карев, празнична програма пред споменичниот комплекс Македониум и полагање на свежо цвеќе на споменикот на хероите на Слива.

Инаку годинешното одбележување на најголемиот државен празник кој се совпаѓа со значајните годишнини: 30 години од независноста и 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор, започна во Скопје,  каде собраниската делегација, предводена од претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери положи цвеќе на спомениците на Методија Андонов Ченто, на президиумот на АСНОМ и на Никола Карев.

Државна празнична програма се одржа и пред Меморијалниот центар АСНОМ, во Пелинце, во чест на Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободување на Македонија – АСНОМ, каде претседателот на Влада на Република Северна Македонија, Зоран Заев положи свежо цвеќе на споменикот пред Меморијалниот центар.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе