НУ Театар „Комедија“, во соработка со Градскиот трговски центар, од 11 до 13 јуни ќе реализира „Театарски викенд на отворено“. На репертоарот се претставите: ,,Вечера за глупаци“ (11 јуни, петок), ,,На отворено“ (12 јуни, сабота) и ,,Чао пријатно!“ (13 јуни, недела).
Од Театарот „Комедија“ информираат дека претставите ќе се играат на отворени сцени лоцирани кај петтата фасада на ГТЦ (влезот од страната на плоштадот, по скалите најгоре) и во Зелената градина на покривот на ГТЦ, со почеток во 21 часот, со запазени мерки за одржување настани на отворено.
Билетите за настанот се во продажба на билетарницата на Театарот „Комедија“ (секој ден од 10 до 18 часот).