Објавен конкурсот за Годишната награда 18 Мај – Меѓународен ден на музеите

од admin_kult

Здружението Македонски национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ), со цел да ја поттикне, популаризира и да ја афирмира музејската дејност, објави конкурс за доделување на Годишната награда 18 Мај – Меѓународен ден на музеите за особени достигнувања во музејската дејност за 2019 и 2020 година.

Материјалите треба да бидат доставени најдоцна до 7 мај 2021 година по пошта или рачно на следнава адреса: Здружение МНК ИКОМ (НУ Музеј на Република Северна Македонија), ул. „Јосиф Михајловиќ“ бр. 7, 1000 Скопје, или на електронската пошта: icom_mnc@yahoo.com.

Од Здружението МНК ИКОМ информираат дека поради пандемијата на КОВИД-19 во изминатата година, наградата ќе се додели одвоено за 2019 и за 2020 година. Наградата се доделува во следниве категории: музеј на годината, музејски проект на годината, музејски работник на годината и надворешен музејски соработник.

Доставените пријавени проекти треба да содржат: име, презиме и адреса на авторот; назив и адреса на институцијата; опис на проектот; прилози за проектот во печатена или во електронска форма.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе