За оние што сакаат да дојдат на отворањето на изложбата со дела од Петар Хаџи Бошков „Окривање на иднината: Археологија на модерноста“ на локалитетот Стоби, а немаат приватно возило, Националната установа „Стоби“ организира превоз со автобус (во кој има уште 40 слободни седишта).
Утре, 18 септември (сабота), точно во 16 часот спроти хотелот „Холидеј ин“ (Скопје), во уличката каде што стојат автобусите за меѓуградско патување, автобус со натпис „Стоби/Изложба на Петар Хаџи Бошков“ ќе ги земе патниците и ќе ги превезе директно до локалитетот Стоби каде што во 18 часот ќе биде отворена изложбата.
Тргнувањето назад за Скопје е точно во 19:45 часот од паркингот на туристичкиот главен влез од локалитетот Стоби.
Сите оние што се заинтересирани нека напишат полно име и презиме и редакција на оваа е-адреса: contact.stobi@gmail.com
При влезот во автобусот е неопходно приложување на сертификат за вакцина и вашето име и презиме.
За време на патувањето до Стоби и назад до Скопје, неопходно е сите патници да носат заштитна маска, почитувајќи ги пропишаните актуелни владини препораки во услови на пандемија.