По 18 години, продолжи да се печати Зборникот на трудови на Заводот и музеј – Штип

од admin_kult

Во НУ Завод и музеј – Штип, по прекин од 18 години, продолжи промоцијата на археологијата, историјата на уметноста, историјата и етнологијата преку новото издание на стручното списание „Зборник на трудови XI – XII“.

На промоцијата, заложбите на Заводот и музеј – Штип ги поздравија министерката за култура, Ирена Стефоска, и директорот на Управата за заштита на културното наследство, Ацо Костов.

Зборникот содржи 13 трудови од 19 автори, од кои поголемиот дел произлегуваат од археолошките истражувања во реонот Бучим – Дамјан – Боров Дол, како и археолошки сознанија од истражувањата за експресниот пат А3 Делница Штип – Кочани и Штип – Радовиш.

Во рамките на оваа промоција се одржа и презентација на проектот „Културното наследство низ призмата на ликовната дејност“ во кој учествуваат млади ликовни уметници и дизајнери. Проектот е во соработка со Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе