Нови археолошки сознанија за некрополата во Преспа

од admin_kult

Археолошкиот музеј ја реализираше четвртата археолошка истражувачка сезона на хеленистичката некропола „Гимбабица“ кај селото Избишта во Преспа. Оваа година фокусот на истражувањата беше насочен кон добивање повеќе информации за нејзината организација, гробните форми и ритуали и откривање нешто повеќе за животните приказни на луѓето што се погребани тука.

По теренските истражувања, стручните лица од Археолошкиот музеј ќе продолжат со  кабинетска анализа и проучување на добиените податоци и на пронајдениот материјал.

Раководител на проектот е Перо Арџанлиев, а стручниот тим го сочинуваат археологот Илија Бошковски и Благоја Фузевски. Проектот се реализираше со финансиска поддршка од Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе