Во Министерството за култура е назначен службеник за млади во согласност со Законот за младинско учество и политики. Службеникот е лице за контакт за полесна комуникација со младите околу прашањата што ги засегаат, а се во врска со политиките на Министерството за култура.
Министерството ќе продолжи со силен ентузијазам и посветеност да работи на имплементирање на политиките за млади, а ова претставува значаен чекор што ја потврдува таа заложба.
Службеникот е Филип Ивановски, а неговата е-адреса за контакт е: filip.ivanovski@kultura.gov.mk