По повод Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите – 18 Април, министерката за култура Ирена Стефоска в недела ќе престојува во Битола каде што ќе посети неколку значајни културно-историски добра, со особен акцент на Ислахането, односно училиштето за занаети и уметности од османлискиот период. Станува збор за објект стар 120 години, единствен од овој вид кој е зачуван во земјава.
Покануваме новинари, сниматели и фоторепортери, во 12 часот пред објектот Ислахане.