Наградените филмови од „Астерфест“ во Кинотеката

од admin_kult

На 27 септември (недела) во Кинотеката на РС Македонија во Скопје со почеток во 21 часот традиционално ќе бидат прикажани наградените филмови од петнаесеттото издание на струмичкиот интернационален филмски фестивал „Астерфест“ што се одржа под мотото „Движења, патеки“.
Во програмата на оваа филмска вечер се вклучени пет кратки филмови: „Мари“, „Потеклото на човекот“, „Зомбија“, „Телефонско дежурство“ и „Еден од многуте“.

Грчкиот филм „Мари“ на Панајотис Краварис кој доби „Златна потковица“ за најдобра кратка фикција, е филм кој маѓепсува со приказната за предрасудите и љубовта на прв поглед, едноставна и веродостојна, но која што содржи извесен шарм и прилично изненадувачки крај. Норвешкиот филм „Потеклото на човекот“ на Пјотр Сапегин кој доби „Сребрена потковица“ за најдобра анимација е прекрасно направен филм за меморијата и идентитетот преку навидум едноставна, но сепак длабока приказна.

Белгискиот филм „Зомбија“ на Балоџи Чијани кој доби „Бронзена потковица“ за најдобар документарец, е дело во кое уметникот ни нуди критички поглед, не само на нашите односи со технологијата туку и на политиката на целиот континент. Рускиот краток игран филм филм „Телефонско дежурство“ на Ленар Камалов ја доби наградата „Ацо Алексов“, и тој ја прикажува изненадувачки емотивната слика за модерната војна, а хрватскиот филм „Еден од многуте“ на Петра Злонога ја доби наградата „Ѓорги Абаџиев“ за имагинативниот експериментален анимиран израз.
Проекцијата трае еден час, а влезот е слободен.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе