Во рамките на 61. издание на Фестивалот „Охридско лето“, вечер (13 јули) во 21 часот во црквата „Св. Софија“ концерт ќе одржи дуетот Роланд–Богдановиќ, кој го сочинуваат виолончелистката Маја Богдановиќ и виолинистот Даниел Роланд. Од НУ „Охридско лето“ најавуваат дека холандско-англискиот виолинист Даниел Роланд и српско-француската виолончелистка Маја Богдановиќ ги спојуваат своите неверојатни енергии во исклучително музичко партнерство.
„Од основањето на дуетот во 2018 година, тие настапуваат на многубројни фестивали во Европа, САД и во Јужна Америка освојувајќи ја публиката со нивната страст, нежност и авантуристички конципирана програма, како и со нивната иновативност и прекрасно чувство за меѓусебно надополнување и музичка комуникација“, истакнуваат организаторите.