МНТ подготвува два нови проекти

од admin_kult

На сцената на МНТ во тек се подготовките на два проекта поддржани од Годишната програма на Министерството за култура на РСМ за 2021 година.

Претставата „Само глас“ од Нина Плавањац е во режија на Марјан Неќак, кој е, исто така, автор на музиката, сценограф и дизајнер на светлото. Во неа играат првенците на МНТ – Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, а премиерната изведба се очекува кон крајот на мај 2021 година.

Вториот проект е „Митре Стрелата во земјата на чудата“/ „Тибам Штркот“ од Зоран Спасов-Ѕоф, работен според еден од најчитаните текстови во 2008 година. Овој текст ќе ја доживее својата праизведба во режија на Јордан Симонов, а главниот лик го игра Александар Микиќ.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе