– Проектите за санација на Националната установа Центар за култура и на Градскиот музеј во Крива Паланка се сериозен стимул за унапредување на состојбите во културата во овој регион – истакнаа министерката за култура Ирена Стефоска и министерот за локална самоуправа Горан Милевски, кои, придружувани од градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, денеска присуствуваа на презентацијата на проектите за културните установи во овој град.
Двете санации ќе се реализираат со средства од Министерството за локална самоуправа, преку Бирото за регионален развој.Министерката за култура Стефоска ги поздрави напорите на културните установи од Крива Паланка, каде што успешно се спроведува процесот на децентрализација во културата, за што упати благодарност за поддршката до Министерството за локална самоуправа и до Општината Крива Паланка, кои со овие проекти покажуваат сериозна грижа за културата.
Стефоска додаде дека е ова одличен пример дека со добар план и стратегија, локалната и централната власт може и треба да соработуваат за да ги остваруваат потребите на граѓаните.