Проекција на концертот на Јосипа Лисац во Кинотеката

од admin_kult

На летната сцена „Мирно лето“ во Кинотеката на Република Северна Македонија вечер ќе се одржи проекција на концертот „Јосипа Лисац from Croatia Records Studio“. Со овој концерт продолжува циклусот „Концерти во Кинотека со Croatia Records“ што го реализира оваа установа во соработка со најголемата дискографска куќа во регионот, „Кроација рекордс“ (Croatia Records).

Концертот беше реализиран во студиото на „Кроација рекордс“ (Croatia Records) во Загреб на 30 октомври 2018 година, во придружба на музичарите: Тони Старешиниќ (клавијатури), Борна Шерцар (тапани), Давор Чрнигој (бас-гитара) и Јосип Грах (труба и хармоника).

Кинотеката ја почна програмата на 1 јули со концертот на Влатко Стефановски во „Лисински“, а секој следен четврток во седмиот месец во тековната година ќе биде прикажан по еден концерт од богатата блуреј-програма на дискографскиот гигант, што, според сензибилитетот, соодветствува на местото и на времето.

Од Кинотеката информираат дека следниот четврток (15 јули), во рамките на циклусот, ќе биде емитуван концертот на Раде Шербеџија и бендот „Западни колодвор“.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе