Министерката за култура Стефоска се сретна со новоименуваниот грчки амбасадор Кундурос

од admin_kult

Министерката за култура Ирена Стефоска се сретна со новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на хеленската Република  во земјава, Русос Кундурос. На средбата, министерката Стефоска на амбасадорот Кундурос, му посака успешна дипломатска мисија, изразувајќи уверување дека во периодот што следува ќе се отвори ново поглавје во продлабочувањето на културните врски меѓу двете држави, и спроведување на Преспанскиот договор во културата.

Соговорниците разговараа за можностите за остварување на соработка помеѓу институциите од областа на културата во двете земји, како и за воспоставување на соработка со институциите од областа на заштитата на културното наследство и размена на експерти за конзервација и реставрација на икони, фрески и слично. Се разговараше и за поддршката на сите форми на младинска соработка, со цел, зацврстување на врските и негување на односите меѓу младите во двете држави, кои се засноваат на Акцискиот план на горе споменатиот договор.

На средбата беше истакната и важноста од потпишување на Програма за соработка меѓу Министерствата за култура на Република Северна Македонија и Република Грција, која ќе претставува можност за воспоставување на поинтензивна соработка.

На средбата беше изразена и надеж дека со надминувањето на состојбите предизвикани од пандемијата со коронавурусот, оваа година ќе биде отворена можноста да се реализираат повеќе активности преку кои ќе биде претставена културата во двете земји.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе