Зборник и видео издание на Охридската академија на хуманоста ќе бидат објавени на пролет

од admin_kult

На предлог на Романо Проди, поранешен италијански премиер и претседател на Европската Комисија, оваа пролет, ќе бидат објавени Зборник и видео издание на Охридската академија на хуманоста, по одржувањето на Мегународната Конференција: „Охридската школа на хуманизмот, од Средниот век до денес, во Европа и во светотот“.

Зад изданијата застанува угледната институцијата – Архив на Европската унија, раководена од Проди, а ќе бидат промовирани во Фиренца каде што тој е Претсетател на институцијата Архив на Европската унија. 

Годинашниот добитник на Светската награда на хуманизмот, академик Абдулах Шарчевиќ од Сараево, исто така, земјава и Охрид ги издвои како духовна светлина, која ќе го покажува патот на хуманизмот во филозофијата на хуманизмот во Европа и светот.

„Охридската школа на хуманизмот, од Средниот век до денес, во Европа и во светотот“, годинава на едно место собра над 40 учесници, видни интелектуални, универзитети и политички величини, кои го одбележаа јубилејот – 15 години од Свеската награда на хуманизмот.

Со ова меѓународно признание Охрид и земјава ги овенчаа бесмртните имиња на светската култура и наука, меѓу кои на Даисаку Икеда (Јапонија), Маноел де Оливеира (Португалија) нобеловците Александр Солжењицин (Русија) и Херта Милер (Германија), Рави Шанкар (Индија) Питер Брук (Велика Британија) Џон Ралстон Сол (Канада), Светлин Русев (Бугарија) Романо Проди (Италија), Вида Огненовиќ (Србија), Георги Старделов (Република Северна Македонија) и годинашниот добитник академик Абдулах Шарчевиќ (Босна и Херцеговина).

За следната година е предвидено, по официјалната одлука на Советот на општина Охрид, да се инаугурира спомен-обележје кај Долна Порта, со имињата на сите досегашни добитници, заедничко дело на Светлин Русев од Бугарија и Дарко Башески од Северна Македонија.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе