Министерката за култура Стефоска се сретна со грузиската амбасадорка

од admin_kult

Министерката за култура Ирена Стефоска денеска се сретна со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Грузија во Република Северна Македонија, со седиште во Софија, Тамуна Лилуашвили.

На средбата беше констатирано дека назначувањето на прв нерезидентен амбасадор на Грузија за Република Северна Македонија, по воспоставувањето на дипломатските односи во 2019 година, е вистински чекор за натамошното продлабочување на пријателските односи меѓу двете држави.

Соговорничките истакнаа дека и Република Северна Македонија и Грузија се земји со голема традиција и интерес за меѓусебно запознавање и за продлабочување на културните врски меѓу двете земји. Во насока кон продлабочување на културните врски, беше разгледана и можноста за потпишување правен документ со кој формално би се регулирале односите во областа на културата меѓу двете земји.

Амбасадорката Лилуашвили се заблагодари за топлиот прием и истакна дека Грузија е подготвена за натамошен развој на билатералните односи во областа на културата со Република Северна Македонија врз основа на меѓусебното почитување и размена на  културни проекти и уметнички содржини.

 

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе