Министерката Стефоска се сретна со претседателот на Меѓународниот совет на фолклорни фестивали и уметности при УНЕСКО, Босан

од admin_kult

Поинтензивна промоција на нематеријалното културно наследство, беше темата на средбата на министерката за култура Ирена Стефоска со Филип Босан, претседател на Меѓународниот совет на организации на фолклорни фестивали и уметности, ЦИОФФ, која дејствува во рамките на УНЕСКО.

Босан, кој е гостин на 51. издание на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“, не ги штедеше пофалните зборови за Фестивалот, потенцирајќи го високото ниво на знаење, квалитет и стручност што е видливо и на програмско и на организациско ниво.

Беше изразено задоволство од репрезентативноста на Фестивалот „Илинденски денови“, кој од 2010 година е во календарот на ЦИОФ, а од 2017 година е единствен од земјава што поседува сертификат и е член на овој престижен Меѓународен совет на организации на фолклорни фестивали и уметности.

Министерката Стефоска и Босан споделија искуства и изразија очекување за реализација на заеднички проекти и активности во насока на зачувување на културниот идентитет и различните форми на културното наследство. Стана збор за активности преку кои на експертско ниво ќе се засили соработката во заштитата на нематеријалното наследство, особено во фолклорната дејност, меѓу субјектите од нашата земја и Меѓународниот совет на организации на фолклорни фестивали и уметности.

Од 1970 година работата на Меѓународниот совет на организации на фолклорни фестивали и уметности се засновува врз зачувување, промовирање и ширење на традиционалната култура.

ЦИОФФ остварува многубројни активности поврзани со исполнување на каузата за мир и ненасилство, пренесување на културното наследство на децата, како и составување на „Директориум на експерти за фолклор“. Во ЦИОФФ има членови од 108 земји во светот, а над еден милион луѓе, вклучително и над 30 000 фолклорни танцови и музички групи и организации за народни уметности, се поврзани со ЦИОФФ преку националните секции на ЦИОФФ во целиот свет.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе