Министерката Стефоска на снимање на „Кајмак“, филм на Милчо Манчевски

од admin_kult

Министерката Ирена Стефоска присуствуваше на снимањето на новиот филм на Милчо Манчевски, „Кајмак“, на сет во скопската населба Водно.

Режисерот Манчевски, во присуство на директорот на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски, продуцентот Јане Ќортошев и дел од актерската екипа, ја запозна министерката со продукциските аспекти на филмот, но и со приказната за која Манчевски вели дека е црна комедија која преку односите меѓу две семејства е критика на  малоѓранштината и лицимерството.

Филмот е европска копродукција, поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија, како и од филмските фондови на Данска, Холандија, Хрватска и на Бугарија. Македонската радио-телевизија е копродуцент, а филмот е поддржан и од европскиот фонд „Еуримаж“.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе