Министерката Стефоска и амбасадорот на Јапонија, Хиронори, во Охрид

од admin_kult

Министерката за култура, Ирена Стефоска, и амбасадорот на Јапонија, Хиронори Савада, денеска го посетија Охрид, градот на УНЕСКО.

На амбасадорот Хиронори му беа претставени сите потенцијали на Охрид и регионот, од аспект на заштитата на природното и културното наследство. Со министерката Стефоска, јапонскиот амбасадор се запозна со активностите на Националниот парк „Галичица“ и на Хидробиолошкиот завод. Во стариот град, ги посетија Галеријата на икони, црквите „Св. Софија“ и „Богородица Перивлепта“, Античкиот театар, како и Куќата на Робевци.

Оваа заедничка посета на Охрид, министерката за култура Стефоска и амбасадорот Хиронори ја договорија при неговата посета на Министерството за култура на 31 март оваа година, кога разговараа за интензивирање на културната соработка меѓу двете земји, како и за потенцијалната соработка со Јапонија во управувањето со светското наследство на Охридскиот Регион.

Јапонија е наш докажан пријател и принципиелен донатор, кој пред неколку години, со неповратни средства и експертиза за изработка на физибилити студија, го поддржа  колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро. Во исто време, изрази и  интерес за вклучување на јапонската Агенција за санирање еколошки проблеми, а со цел задржување на статусот на „природното и културното наследство на Охридскиот Регион“ на листата на светско наследство на УНЕСКО.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе