Музичката програма на „Охридско лето“ продолжува вечер (29 јули) во 21 часот во црквата „Св. Софија“ каде што ќе биде изведен концертот на барокниот оркестар „Teatro alla moda” од Холандија.
Членовите на ансамблот доаѓаат од различни културни средини, но заеднички јазик наоѓаат во Холандија за време на студиите на Кралскиот конзерваториум во Хаг. Овој музички состав редовно настапува во Холандија, а на интернационалната сцена настапува на фестивали во Исланд, Франција, Португалија и во нашата држава.