Мерсиха Шукри со концерт во Филхармонијата ќе одбележи 20 години творење

од admin_kult

Нашата најпозната харфистка, Мерсиха Шукри, вечер со концерт во Филхармонијата ќе одбележи 20 години од своето творење.

На програмата ќе бидат изведени композиции од: Дуранд, Дусек, Глинка и Хенсон. Како гости ќе настапат нејзините  колеги Елена Талевска на виолина и Паскал Краповски на виолончело.

М-р Мерсиха Шукри е родена во Скопје каде што дипломирала на ФМУ во Скопје во класата на проф. Лејла Урманова-Русија како прв дипломиран харфист во нашата земја, а магистерски студии завршила во Белград.  Добитник е на повеќе републички и меѓународни награди како солист и како камерен музичар.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе