Нашата најпозната харфистка, Мерсиха Шукри, вечер со концерт во Филхармонијата ќе одбележи 20 години од своето творење.
На програмата ќе бидат изведени композиции од: Дуранд, Дусек, Глинка и Хенсон. Како гости ќе настапат нејзините колеги Елена Талевска на виолина и Паскал Краповски на виолончело.
М-р Мерсиха Шукри е родена во Скопје каде што дипломирала на ФМУ во Скопје во класата на проф. Лејла Урманова-Русија како прв дипломиран харфист во нашата земја, а магистерски студии завршила во Белград. Добитник е на повеќе републички и меѓународни награди како солист и како камерен музичар.