Во Даут-пашиниот амам денеска (15 ноември) со почеток во 19:00 часот ќе се одржи 7. Меѓународна турска поетска вечер „Јахја Кемал Бејатли“.
На поетската вечер ќе земат учество турски поети од нашата земја, Турција, Босна и Херцеговина, Бугарија и од Косово.
Настанот е во организација на Сојузот на турските невладини организации во Македонија – МАТУСИТЕБ во соработка со Министерството за култура.