Меѓународна конференција „Запознај, види, направи!“ во Музејот на македонската борба

од admin_kult

Во Музејот на македонската борба за самостојност денеска (30.9.2021 г. ) продолжува дискусијата во рамките на седмата меѓународна конференција „Запознај, види направи!“ (Meet, See, Do) на Балканската музејска мрежа, која започна вчера.

Во два работни дена и 14 сесии, 50 професионалци од земјава и од Велика Британија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Албанија, Грција, Косово и Бугарија разменуваат ставови и мислења на темата „За што се музеите? Назад кон основите!“.

Конференцијата е во организација на НУ Музеј на македонската борба за самостојност и Балканската музејска мрежа, една од најважните регионални платформи којашто  ги обединува музеите и професионалците кои работат во заштитата на културното наследство од балканскиот регион.

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на Р.С.Македонија користи т.н."колачиња" со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе