По една година одложување поради пандемијата со КОВИД-19, програмата на Националната галерија годинава почнува со меѓународната изложба „FLUX IDENTITY“, проект на современата уметничка сцена на Канада во дијалог со уметниците од Република Северна Македонија.
Отворањето на изложбата,која е во организација и соработка со Амбасадата на Канада и невладината организација „Визарт“ од Нови Сад, Србија,е утре (10 февруари) во 19 часот во објектот Чифте амам.
На изложбата „Flux Identity“, динамичен дијалог на тема идентитет и неговата разновидност водат уметници од Канада: Two Gullivers (Бесник и Флутура Хаџилари), Милутин Губаш, Сандра Брустер, Весна Перунович, Коко Гузман, Боја Васиќ, Стјуарт Рид, Садко Хаџихасановиќ и од Република Северна Македонија: Моника Мотеска, Вана Урошевиќ, Роберт Јанкулоски, Дијана Томиќ-Радевска, Велимир Жерновски, Шќипе Мехмети.
Автор на проектот и куратор е Светлана Младенов од „Визарт“ од Нови Сад, стручен соработник на проектот е Весна Перуновиќ, а кустос соработник од Националната галерија е Ана Франговска.
Изложбата ќе биде поставена до 26 февруари оваа година.