Националната опера и балет в петок (12.2.2021 г.) во 20 часот ќе ја изведе операта во еден чин „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскaњи.
„Кавалерија рустикана“ е опера во еден чин, трагична приказна за љубовниот триаголник, за традицијата која се испречува меѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата.
Диригент е Иван Еминовиќ, а ќе настапат солистите: Весна Ѓиновска-Илкова, Ѓорѓи Цуцковски, Борис Трајанов, Катерина Стојановска и Соња Пендовска-Мадевска, како и Хорот и Оркестарот на Националната опера и балет.
Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата на КОВИД-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.