Триото „Балкан aшк“ (Балканска љубов), во состав Ерхан Шукри – виолина, Анеса Зајази – виолончело и Мерсиха Шукри – харфа, вечер, со почеток во 18 часот, ќе одржи концерт во Македонскиот културен центар во Истанбул.
На програмата се дела од Глинка, Бах, Хенсон, Сен-Санс, Ловленд, Маскањи, Шостакович и Атакоглу.