Во рамките на манифестацијата „Струмица – град на културата 2021“ вечер на платото пред Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе настапи Ансамблот за народни игри и песни „Танец“.
Концертот е дел од новата сезона на оваа национална установа, симболично наречена „Враќање“, која е посветена на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески.
Со концертот во Струмица, почнува втората јулска серија од три големи музичко-сценски спектакли наречена „Танец под ѕвездите“. Концертите ќе се одржат на отворено, на големите сцени во Струмица, Охрид и во Битола, а „Танец“, за првпат по големата пандемска пауза, ќе се претстави во својот полн состав, при што покрај оркестарот и хорот, ќе настапи и игроорниот кор, информираа од „Танец“.