Во рамките на „Скопско лето“ вечерва (16.7.2021), во 21 часот, во камерната сала на Филхармонија, ќе се реализира концертот „Мелем песна“ на хорот и оркестарот на „Танец“
Концертот е дел од новата сезона на Ансамблот, симболично наречена „Враќање“, во чест на стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески, но и во духот на почнувањето на новиот сценски живот по пандемискиот застој.
Овој концерт во рамките на фестивалот „Скопско лето“ е петти во низата концерти на отворено од првата летна вокално-инструментална серија, кои се одржуваат во пет македонски градови – Велес, Прилеп, Македонска Каменица, Кавадарци и Скопје. По нив, „Танец“ ќе ја започне и втората серија од три големи музичко-сценски концерти, наречена „Танец под ѕвездите“, на фестивалите во Струмица, Охрид и во Битола, на кои ќе настапат оркестарот, хорот и солистите на Ансамблот „Танец“.