По повод Светскиот ден на операта, вечер, со почеток во 20:00 часот, во Националната опера и балет ќе се одржи концерт на солистите на Националната опера и балет.
На концертот ќе настапат солистите Марјан Јованоски (баритон) и Владимир Саздовски (бас), а гостин ќе биде Сандра Митровска (сопран) со пијано-придружба на Елена Сиљаноска.
На програмата се арии и дуети од оперите на П. И. Чајковски, Џ. Верди, У. Џордано, А. Дворжак и П. Маскањи.